Сакаме секој производ да ве израдува. Ако нешто не е во ред, тука е објаснето кога и како ги враќаме вашите пари.
1. Откажување пред изработка
Нарачката можете да ја откажете без трошок сè додека не почнала изработката — најдобро веднаш по нарачката, на kontakt@vosvetotnagoc.mk или +389 78 404 324. Ако веќе сте платиле, целиот износ ви го враќаме.
2. Откажување од купувањето (стандардни производи)
За производи без персонализација имате право да се откажете од договорот без да наведете причина, во рок од 14, со исклучок на персанилизирани производи дена од денот кога сте ја примиле пратката.
- Известете нè писмено на kontakt@vosvetotnagoc.mk со бројот на нарачката.
- Вратете го производот неупотребен, неоштетен и во оригиналната амбалажа, во рок од 14, со исклучок на персанилизирани производи дена од известувањето.
- Трошокот за враќање на производот е на купувачот, освен ако производот е оштетен или погрешен.
3. Персонализирани производи
Производите изработени според вашите барања — со ваше име, текст, датум, фотографија или дизајн — се правени специјално за вас и не можат повторно да се продадат. Затоа за нив не важи правото на откажување од точка 2.
Пред изработката ви ја испраќаме подготовката (дизајнот) на одобрување. Проверете ги текстот, правописот и фотографијата — по вашето одобрување производот се изработува токму така.
4. Рекламација — оштетен, погрешен или неисправен производ
Ако примите оштетен производ, погрешен производ или производ со грешка во изработката (вклучително и персонализиран производ што не одговара на одобрениот дизајн):
- Известете нè во рок од 2 дена од приемот на kontakt@vosvetotnagoc.mk или +389 78 404 324, со број на нарачка и фотографија од проблемот.
- Во договор со вас производот го заменуваме со нов или ви ги враќаме средствата.
- Сите трошоци за враќање и повторна достава во овој случај се на наш товар.
Рекламацијата ја решаваме во рок од 8 дена од приемот.
5. Како и кога ги враќаме парите
- Плаќање со платежна картичка: средствата ги враќаме на истата картичка со која е извршено плаќањето, преку НЛБ Тутутнска банка АД. Не враќаме средства во готово или на друга картичка.
- Плаќање при достава / по договор: на трансакциска сметка што ќе ни ја доставите.
- Поврат на средствата иницираме најдоцна во рок од 14 дена од одобрената рекламација или од приемот на вратениот производ. Колку брзо ќе бидат видливи на вашата сметка зависи од вашата банка (вообичаено 5–10 работни дена).
- Се враќа платениот износ за производот, како и трошокот за достава кога производот е оштетен или погрешен.
6. Контакт за поврат и рекламации
Друштво за услуги, трговија и производство ВО СВЕТОТ НА ГОЦ дооел · Широк Сокак 154/3/29Б
Е-пошта: kontakt@vosvetotnagoc.mk · Телефон: +389 78 404 324 · 24 часа
Повеќе за доставата: Достава.
