Изработено во Битола · Достава низ Македонија

Достава

Каде доставуваме

Доставуваме на адреси низ цела Република Северна Македонија. Не вршиме достава во странство.

Начини на достава

Цена на доставата

Начин на доставаЦена
Курир низ Македонија160, 180 ден.
Курир — нарачки над 2000 ден.бесплатно
Личен прием во Битолабесплатно

Цената за доставата е прикажана пред потврдата на нарачката и е вклучена во вкупниот износ.

Рокови

Повеќето производи се изработуваат по нарачка, па рокот се состои од:

  1. Изработка: 2–5 работни дена од потврдата на нарачката (за персонализирани производи — од моментот кога ќе ја одобрите подготовката/дизајнот).
  2. Достава со курир: вообичаено 1–2 работни дена по предавањето на курирот.

Вкупно: најчесто 3–7 работни дена. За поголеми или корпоративни нарачки рокот го договараме посебно и ве известуваме пред потврдата.

Ако од оправдани причини рокот не може да се исполни, ќе ве контактираме и ќе понудиме нов рок или откажување на нарачката со целосен поврат на средствата.

Прием на пратката

При прием проверете ја пратката во присуство на курирот. Ако амбалажата или производот е видно оштетен, не ја примајте пратката, или запишете ја штетата кај курирот и известете нè во рок од 2 дена на kontakt@vosvetotnagoc.mk или +389 78 404 324, со фотографија. Оштетениот производ го заменуваме без трошок за вас — видете Поврат на средства.

Персонализација

Персонализацијата (печатење текст, име, датум или фотографија) е дел од изработката на производот. Нејзината цена е прикажана кај секој производ — како посебна опција (на пр. „персонализирано“) или како доплата — и е вклучена во вкупниот износ пред потврдата на нарачката.