Изработено во Битола · Достава низ Македонија

Политика за приватност

Последна измена: 18.11.2026

Друштво за услуги, трговија и производство ВО СВЕТОТ НА ГОЦ дооел, со седиште на Широк Сокак 154/3/29Б (во понатамошниот текст: „Во светот на Гоц“, „ние“), како контролор на личните податоци, ја почитува вашата приватност и ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

1. Кои податоци ги собираме

2. Зошто ги користиме

Податоците ги обработуваме затоа што се потребни за склучување и извршување на договорот за купување, за исполнување на законски обврски или врз основа на ваша согласност (на пр. за е-пошта листа). Не ги користиме за автоматско донесување одлуки или профилирање.

3. Фотографии за персонализација

Прикачените фотографии ги користиме исклучиво за изработка на нарачаниот производ. Тие не се објавуваат на страницата, не се споделуваат со трети лица и се чуваат во заштитена папка достапна само за овластени лица. Фотографиите автоматски се бришат 30 дена по прикачувањето.

4. Со кого ги споделуваме

Податоците ги споделуваме само колку што е неопходно:

Не продаваме и не изнајмуваме лични податоци.

5. Колку долго ги чуваме

6. Заштита на доверливи податоци и плаќање со картичка

Страницата користи шифрирана SSL/TLS (HTTPS) врска, така што податоците што ги внесувате патуваат заштитено.

Плаќањето со платежна картичка се врши директно на заштитената страница на НЛБ Тутутнска банка АД. Податоците од картичката (број, датум на важност, CVV/CVC) ги внесувате само таму — тие не минуваат низ нашата страница и ние немаме пристап до нив. Процесорот работи според безбедносниот стандард PCI DSS и ги поддржува Visa Secure и Mastercard Identity Check (3-D Secure) за дополнителна потврда на картичката.

Пристап до податоците за нарачки имаат само овластени лица од „Во светот на Гоц“, преку лично корисничко име и лозинка.

7. Колачиња (cookies)

Страницата користи само колачиња неопходни за работа на продавницата: за содржината на кошничката, за процесот на нарачка и за најава во профил. Не користиме колачиња за рекламирање.

8. Ваши права

Имате право да побарате пристап до вашите лични податоци, нивна исправка, бришење („право да се биде заборавен“), ограничување на обработката, пренос на податоците и приговор на обработката, како и да ја повлечете дадената согласност во секое време.

Барањето испратете го на kontakt@vosvetotnagoc.mk — ќе одговориме најдоцна во рок од 30 дена. Ако сметате дека податоците се обработуваат спротивно на законот, имате право на поплака до Агенцијата за заштита на личните податоци.

9. Контакт

Друштво за услуги, трговија и производство ВО СВЕТОТ НА ГОЦ дооел, Широк Сокак 154/3/29Б · kontakt@vosvetotnagoc.mk · +389 78 404 324
Офицер за заштита на лични податоци: Гордана Аџиева Михајловска,

Оваа политика може да се ажурира; важечката верзија е секогаш објавена на оваа страница.